Connect with us

Фудбал

Вардарци подготвени за утрешната „контрола“ со Словачко

Македонскиот шампион Вардар во текот на денешниот ден ги одработи двата тренинга и подготвено го очекува дуелот со чешкиот прволигаш Словачко.

Натпреварот ќе се игра утре од 15 часот по македонско време.

– Тоа ќе биде претпоследен натпревар на подготовките во Анталија, Турција, а серијата на „контроли“ завршува в недела кога спаринг партнер на „црвено-црните“ ќе биде Дукла Прага, исто така тим кој што доаѓа од Чешка, соопшти ФК Вардар.

На досегашните четири натпревари за време на зимските подготовки во Анталија, Вардар има по две победи и два пораза.