Connect with us

Други спортови

Вашингтон го освои својот прв „Стенли“ куп

Тимот на Вашингтон Кепиталс за прв пат во својата историја го освои „Стенли“ купот, откако во петтиот натпревар од финалната серија во Националниот хокеарска лига на САД и Канада оствари триумф со 4:1 над Лас Вегас Голден Најтс како гостин.

На овој начин тимот од главниот град на САД ја освоија серијата со 4:1 во победи и му донесоа на градот прва титула од 1991 година во некој од четирите големи спорта во Америка – американски фудбал, кошарка, бејзбол и хокеј на мраз.

Наградата за „МВП“ во финалната серија ја освои ѕвездата на гостите Александар Овечкин, кој постигна еден гол на натпреварот.

Силен меч за победниците имаше и голманот Брејден Холби, кој спаси 28 удари кон својот гол.

За Лас Вегас, Марк-Андре Флери имаше 29 спасувања, но и тие не беа доволни за да стигнат до победа.