Фудбал
Важеше за италијанска надеж сега Рома го продава на Бурнмаут, Милан го сака, но не дава толку пари!
Бурнмаут и Рома постигнале договор околу условите за трансферот на Николо Заниоло. Според Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, „Волчицата“ ќе добие 30 милиони евра за играчот од средниот ред, со бонуси и 10% за секоја наредна продажба.
Сепак, сега за Борнмаут останува потешката задача – да го убеди самиот Заниоло. Италијанскиот репрезентативец во последните денови беше во преговори со Милан, но „росонерите“ сакаа да го земат на позајмица со опција за откуп на лето.
Според Ди Марцио, „Волчицата“ го информирала шампионот за понудата на Бурнмаут и јасно ставила до знаење дека единствената шанса на Милан да го потпише Заниоло е нудење на истите услови како и англискиот тим.
За Занило заинтересирани се Тотенхем и Њукасл.