Connect with us

Фудбал

Вечен лидер и капитен: Карлес Пујол направи нешто кон крајот на кариерата за што многумина би молчеле

Карлес Пујол е апсолутна легенда на Барселона.

Легендарниот дефанзивец целиот свој живот го помина во каталонскиот гигант. Тој порасна во овој клуб, стана првотимец во 1999 година и играше до 2014 година кога се пензионираше.

Пујол се пензионираше на 36 години. Се пензионираше кога сфати дека повеќе не може да игра на високо ниво, а тимот го напушти на начин како што можат само великаните.

Пујол имаше уште две години од договорот, според кои би заработил 10 милиони евра. Сепак, рече дека е доста и не сака да ги земе парите седејќи повреден на трибините. Ова го откри новинарот Микел Бласкез

„Карлес Пујол е еден од ретките играчи кои би ја ставиле Барселона пред сè друго“, вели Бласкез и додава:

„Кога сфати дека повеќе не може да игра на врвно ниво, реши да си замине. Не сакаше да земе 10 милиони евра и да ги гледа натпреварите од трибините, што можеше да го направи“.

Карлес Пујол на овој начин покажа дека е вистински војник на каталонскиот клуб и дека Барселона е пред се за него.

На теренот овој фудбалер беше бескомпромисен борец. За неговите настапи и потези долго ќе се зборува и тој е пример како спортист се бори за клубот што го сака.

Тоа што реши да ја заврши кариерата и да не зема пари од клубот преправајќи се дека се уште може да игра уште повеќе го издигна во очите на навивачите и Пујол е навистина реткост во светот на фудбалот.

Овој легендарен фудбалер освои се што можеше во текот на својата 15-годишна кариера во редовите на каталонскиот гигант, а одигра вкупно 593 официјални натпревари и постигна 18 голови.