Фудбал
Вечерва дерби кое не се пропушта, битка за тоа кој е „газда“ во Милано, познати и составите
Вечерва со почеток во 18:00 часот се игра големото дерби „Дела Мадонина“. Се среќаваат Интер и Милан. Добри вести за „Росонерите“ се тоа што се вража Златан Ибрахимовиќ. Во тимот на Интер поради коронавирус ќе ги нема Бастони, Гаљардини, Наинголан, Шкриниар, Јанг, а поради црвени картони Сенси.
Според италијанските медиуми ова се можните состави.
ИНТЕР: Хандановиќ, Дамброзио, Де Вриј, Коларов, Хакими, Видал, Брозовиќ, Перишиќ, Барела, Лаутаро и Лукаку
МИЛАН: Донарума, Калабрија, Кјаер, Ромањоли, Хернандез, Кеси, Бенасер, Саелмакерс, Чалханоглу, Брахим Диаз, Ибрахимовиќ.