Таеквондо Клубот Бутел ги повикува сите сограѓани вечерва во 19 часот во спортската сала на Оу Свети Климент Охридски-Бутел скромно но со многу топлина и чест да го пречекаат европскиот медалист во олимписки спорт Филип Додевски.

-Почитувани подржувачи и пријатели на Таеквондо Клуб Бутел, таеквондо спортот и спортот воопшто!

Вечерва со почеток во 19:00 часот во спортската сала на ОУ Свети Климент Охридски-Бутел скромно но со многу топлина и чест ќе го пречекаме ЕВРОПСКИОТ МЕДАЛИСТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ ФИЛИП ДОДЕВСКИ !

Со особено задоволство ве покануваме да му покажеме топлина и ПОЧИТ на ова момче кое со сериозна повреда ХРАБРО ни донесе врвен спортски резултат за Македонија.
МЕДАЛ ОД ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО !!!

19:00 ч ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !, стои во нивното соопштение до јавноста.

Филип Додевски освои бронзен медал на официјалното европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо кое се одржува во Шведска.