Фудбал
Вечниот град се простува од Синиша Михајловиќ (ФОТО)
Голем број граѓани на Рим од утрото чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му оддадат почит на Синиша Михајловиќ.
Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

Во претходните два дена цел свет се прости од прославениот ас кој остави неизбришлива трага. Многу клубови, лидери, поранешни соиграчи, тренери, спортисти, навивачи ширум светот се збогуваат со Синиша… Трогателни проштални пораки пристигнуваат од целиот свет.