Фудбал
Вејн Руни заплови во тренерските води, потпишувајќи две и пол годишен договор со англискиот клуб
Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни наскоро ќе биде претставен како нов тренер на Дерби Коунти.
Во ноември 2020 година, англискиот второлигаш го назначи Руни за привремен тренер и се чини дека тој целосно ќе заплови во тренерските води бидејќи сега ќе добие можност да работи како прв тренер на споменатиот тим.
Exclusive: Wayne Rooney officially appointed manager of #dcfc. 2.5yr contract.
Expect official announcement soon.— Rob Dorsett (@RobDorsettSky) January 15, 2021
Според новинарите кои го следат англискиот шампионат, Дерби и Руни се договориле да соработуваат 2,5 години, односно до летото 2023 година.
Официјална потврда за оваа информација се очекува во наредните часови. Руни помина голем дел од својата кариера во Манчестер Јунајтед, а играше и за Евертон, ДЦ Јунајтед и Дерби, кои сега ќе ги води како тренер.