Фудбал
Веќе е познато кое ќе биде првото засилување на Почетино во ПСЖ
Синоќа Интер потврди дека Кристијан Ериксен ќе го напушти овој клуб во јануари, и дека се наоѓа на трансфер листата.
Ериксен пристигна на Меаца пред една година како големо засилување од Тотенхем за скоро 30 милиони евра, но не успеа да му се наметне на Антонио Конте. Тој реши да го напушти клубот, а тоа синоќа го потврди и Бепе Марота.
Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Данецот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во дресот на ПСЖ и дека разговорите со францускиот шампион веќе се започнати.
Л’Екип пишува дека Ериксен сака да замине во ПСЖ затоа што овој клуб очигледно ќе го преземе Маурисио Почетино, со кого некогаш имаше многу успеси во лондонскиот клуб.
Само Почетино се чека само на официјална потврда, а како што стојат работите, неговото прво засилување во јануари ќе биде Ериксен.
Наводно, ПСЖ нема да го плати на данскиот играч, затоа што сака да договори размена на играчи со Интер. Доколку клубот од Меаца се согласи на тоа, тогаш во спротивна насока ќе замине аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес.