Connect with us

Фудбал

Веќе е познато кој ќе го земе бројот осум во Барселона по заминувањето на Пјаниќ

Миралем Пјаниќ ќе игра на позајмица во Бешикташ до крајот на сезоната.

Пјаниќ одлучи да ја прифати понудата на турскиот клуб откако стана јасно дека Роналд Куман не смета на него во Барселона.

Синоќа, Бешикташ дури испрати и приватен авион да го земе Пјаниќ на сараевскиот аеродром, и синоќа успешно ги помина медицинските прегледи, по што потпиша договор.

Пјаниќ сигурно ќе биде големо засилување за Бешикташ оваа сезона, а клубот веќе го регистрираше за натпреварите од Лигата на шампионите.

Играчот од средниот ред одлучи да го земе дресот со број 15 што го носеше во својот нов клуб додека играше за Мец и Рома.

Така, бројот осум сега остана слободен во Барселона, но каталонските медиуми пишуваат дека тоа нема да биде така долго време и дека веќе се знае кој ќе ја земе осумката на Пјаниќ.

Мундо Депортиво објави дека бројот осум ќе го земе Филипе Кутињо кој го носеше бројот 14, а официјалната потврда ќе биде денес или утре.

Бразилецот досега ги носеше броевите седум и 14 во Барселона, но немаше многу среќа. Сепак, останува да видиме дали бројот осум, за разлика од Пјаниќ, ќе му донесе среќа.