Connect with us

Фудбал

Веќе најде нов клуб: Нема да верувате кој клуб ќе го преземе Арсен Венгер

Арсен Венгер може да ја продолжи кариерата во Серија А.

РАИ пренесува дека францускиот стручњак може да дојде во Наполи.

Аурелио де Лаурентис на него гледа како идеално решение за тренер на Наполи, откако Маурицио Сари одлучи да го напушти клубот.

– Тоа би било одличен потег. Французинот е големо име во светот на фудбалот, тој ќе привлече атрактивни играчи, а познато е дека Венгер, баш како и Сари, негува напаѓачки фудбал. Венгер веднаш ќе добие јасна цел под Везув – да ја прекине доминацијата на Јувентус и да ја доведе титулата на југ од Италија.