Фудбал
Венето, канал, гондоли и фудбалска романтика: Гигантите ќе патуваат со брод на гостувањата
Фудбалерите на Венеција се вратија во Серија А по скоро две децении.
Венеција го слави овој одличен резултат, имајќи предвид дека на клубот не толку одамна му се закануваше испаѓање во Серија Д, четвртиот ранг на ова натпреварување.
Домашните игри ќе бидат специфични за Венеција.
Имено, великани како Милан, Јувентус, Интер … ќе мора да направат дел од патувањето со брод за да ја посетат Венеција. Причината е едноставна, стадионот Пјерлуиџи Пензо се наоѓа на каналите на Венето и единствениот пристап е со брод. Зад стадионот е мало пристаниште.
Стадионот има капацитет од 7.450 места и во Венеција тие одбија да изградат нов затоа што не сакаат градот, клубот да ја изгубат фудбалската романтика и нивниот идентитет.
Во Серија А погледнаа низ прсти и сигурно е дека посебен шарм ќе имаат натпреварите на кои ќе игра Венеција.
Венето, гондоли, канал и фудбалска романса по две децении чекање.