Фудбал
Венгер коментираше за пеналот: Не разбирам зошто не го погледна видеото, ВАР го изневери судијата
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство откако по продолженијата ја совлада Данска на „Вембли“ со 2: 1.
Триумфот му припадна на Горди Албион по контроверзниот пенал досуден vо продолженија кога Хари Кејн одбранетата топка по пеналот ја смести во голот.
Досудениот пенал предизвика бројни коментари, а поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, во интервјуто за „BeIn Sports“ истакна дека казна не постои.
„Нема казна. Не разбирам зошто во оваа ситуација судијата не отиде и не го погледна видеото. Во ваков момент, тој мора да биде апсолутно сигурен во својата одлука“, изјави легендарниот француски стручњак. ВАР го изневери судијата“, рече Венгер.
"No penalty, I don't understand why VAR has asked the referee to look at it!"
Arsene Wenger has had his say on that England penalty… #beINEURO2020 #ENGDEN #EURO2020
Watch Now – https://t.co/RRmQgctETJ pic.twitter.com/cYiv030Aw4
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) July 7, 2021
Човекот кој изнуди пенал, Рахим Стерлинг, тврди дека судијата оправдано покажал на белата точка.
„Влегов во шеснаесетникот, тој ја пушти десната нога и ја допре мојата ногата. Чист пенал“, рече Стерлинг.
PENALTY? pic.twitter.com/YbqRHFEEaF
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2021
Англија ќе се бори за првиот трофеј за најдобрата европска селекција во својата историја против селекцијата на Италија, која во полуфиналето по пеналите беше подобра од Шпанија со 4:2 (1:1).
Финалето на Европското првенство се игра во сабота на 11 јули на Вембли.