Фудбал
Венгер нема да презема англиски тим
Арсен Венгер повторно објави дека нема намера да предводи друг англиски клуб освен Арсенал. Французинот (69) е невработен откако по 22 години го напушти тимот од Лондон.
Венгер за Би-Би-Си изјави дека е подготвен повторно да почне да работи, но „сигурно“ тоа нема да се случи во Англија.
– Го посветив целиот свој живот на еден клуб и нема да биде прифатено добро ако работам во друг на Островот, објасни Венгер, кој откри дека одбил три понуди од Реал Мадрид во текот на кариерата.
МИА