Connect with us

Фудбал

Венгер: Озил покажа што знае

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не беше целосно задоволен од перформансите на неговиот тим, и покрај победата над Хадерсфилд со 5:0 во 14. коло од Премиер лигата.

Влеговме добро на натпреварот, но загубивме концентрација, особено при додавањата и им дозволивме да се вратат. Постигнавме втор гол и тогаш некако се се ослободивме од психолошкиот притисок и заигравме подобро. Тогаш јас Месут Озил покажа што може, рече францускиот фудбалски експерт.

Арсенал моментално е четврти на табелата во Премиер Лигата, со 12 поени помалку од водечкиот Манчестер Сити. Следниот натпревар го игра в сабота во Лондон против Манчестер Јунајтед.