Connect with us

Фудбал

Венгер разочаран по ремито со Вест Хем

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е разочаран од резултатот 0: 0, кој неговиот тим го постигна при гостувањето кај Вест Хем во дуелот од 17 коло на Премиер лигата.

– Го имавме поседот на топката, но на крајот можевме и да изгубиме. Противникот беше многу концентриран во одбраната. Така дејствуваше и против Челзи и Манчестер Сити. Имавме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Проблем за нас беше и густиот распоред, бидејќи имавме ден помалку за подготовка. Тешко се задржува едно ниво при толку згуснат распоред, изјави Венгер.

Арсенал по 17. кола се наоѓа на седмата позиција на табелата со 30 бода, 19 помалку од лидерот Манчестер Сити.