Фудбал
Венци Стефанов повторно провоцира: Јас сум од Битола, ама не сум Македонец, Македонија е јужна Бугарија
Претседателот на Славија Венцеслав Стефанов за Sportal.bg го коментираше вчерашниот натпревар на бугарската репрезентација во Лигата на нации. Мечот се одигра во Разград и заврши 1:1.
Според шефот на најстариот клуб во Софија, судијата Џереми Пињар со своите пресуди ја оштетил бугарската репрезентација. Освен тоа, тој со уште една провокација до нашата земја, вели Македонија е Јужна Бугарија.
-Моето потекло е од Битола, но не сум Македонец, јас сум Бугарин! Нека знаат „големите патриоти“ Северна Македонија е Југозападна Бугарија. Ја кажувам вистината. Знам каде бил главниот град на цар Самуил и знам дека Северна Македонија е Југозападна Бугарија. Како што кажав, потеклото ми е од Битола, но не стапнувам таму! Пред неколку години отидов да се видам со моето семејство, ме запреа и проверија дали сум шпион. Можете ли да замислите за кое лудило зборуваме, рече Венцеслав Стефанов.