Connect with us

Фудбал

Вернер може да го напушти Челзи на лето

Тимо Вернер може да го напушти Челзи во текот на летниот преоден рок.

Според „Football Insider“ лондонскиот клуб очекува фудбалерот да се врати во Германија во следните една до две години. Се известува дека 25-годишниот Германец може да биде продаден следното лето.

Вернер се приклучи на Челзи летото 2020 година од Лајпциг за 53 милиони евра.

Во тековната сезона, напаѓачот постигна 10 гола и направи девет асистенции на 37 натпревари за „сините“.