Connect with us

Други спортови

Верстапен доминираше во Австрија, Ферари се „разбуди“, Хамилтон без подиум

Се возеше Големата награда на Австрија како дел од шампионатот во Формула 1.

Доминантна трка од стартот беше Макс Вестапен во Ред Бул, кој забележа нов триумф.

Валтери Ботас на Мерцедес заврши на второто место, а на подиумот се и одличниот возач на Мекларен, Ландо Норис.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон, кој го освои четвртото место во Мерцедес, остана без подиум.

По лошите квалификации, возачите на Ферари денес имаа солидна трка. Саинц заврши на петтото место, а Леклерк на осмото место, меѓу двата Ферари на шестото место Серхио Перез заврши во Ред Бул и Даниел Рикиардио на седмото место во Мекларен.

До бодови пристигнаа и Гали и Алонсо.

Додадете на ова дека најбрзиот круг на трката имаше Макс Верстапен, кој доби уште еден дополнителен бод.