Други спортови
Верстапен лут: Непочитување и неспортско однесување на Хамилтон по трката
Луис Хамилтон победи на „Силверстоун“, но трката беше обележана со инцидент во првиот круг со Макс Верстапен
Верстапен имаше пол позиција и успеа да ја одбрани, а потоа Хамилтон предизвика инцидент што предизвика Верстапен со голема брзина да се заби во заштитната ограда.
За среќа, возачот на Ред Бул помина само со полесни повреди, но како претпазливост беше пренесен во блиската болница за да направи дополнителни тестови.
Поради овој инцидент, Хамилтон доби казна од десет секунди, па затоа многумина рекоа дека тоа е смешна одлука, и покрај тоа, на крајот, тој успеа да се пробие на првото место и да дојде до победата.
Хамилтон на тој начин значително ја намали предноста на Верстапен, бидејќи сега има осум бода помалку од Холанѓанецот.
По оваа трка, Верстапен се огласи и на Инстаграм, најпрво рече дека е добро, а потоа започна да зборува Хамилтон и неговото однесување по завршувањето на трката.
„Прво: Драго ми е што сум добро. Тоа беше голем удар со 51G, но се чувствувам подобро. Секако дека сум многу разочаран што ме исфрлија од патеката на тој начин. Казната што ја доби тој не може да ја добие никој од нас на кој било начин и не е фер поради толку опасен потег што го направи Луис“, напиша Верстапен, додавајќи.
„Го гледав како слави по трката додека сè уште бев во болница и тоа е непочитување и неспортско однесување, но ајде да продолжиме понатаму.
View this post on Instagram
Сигурно е дека ривалството на Верстапен и Хамилтон ќе продолжи и нè очекуваат многу возбудувања до крајот на сезоната, а закажана е нова трка за две недели кога ќе го гледаме ГН на Унгарија.