Connect with us

Други спортови

Верстапен најбрз на првиот тренинг

Во недела се вози трката за големата награда на Канада, а денеска возачите го одработија својот прв тренинг.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на денешниот тренинг со време 1:13.302.

Луис Хамилто го постави второ по ред најдобро време (1:13.390), а третото го постави Даниел Рикардо (1:13.518). Потоа следеа Себастијан Фетел(1:13.574), Валтери Ботас (1:13.617) и Кими Раиконен (1:13.727).