Connect with us

Други спортови

Верстапен повторно ги „расплака“ возачите на Мерцедес, Ферари го извлече максимумот

Денеска се возеше трка во Формула 1 за Големата награда на Штаерска.

Најмногу причини за задоволство имаат во Ред Бул, откако Макс Верстапен забележа нов триумф.

Холанѓанецот извозе одлична трка и зад себе го остави двоец на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез заврши на четвртото место, а одлична трка имаше и Ландо Норис во Мекларен, кој заврши на петтото место.

Ферари имаше бурен викенд, но на крајот и двајцата возачи завршија со поени. Карлос Саинц ја зазеде шестата, а Чарлс Леклер седмата позиција, па можеме да кажеме дека Ферари го доби максимумот во Штаерска.

Во поени завршија и Строл, Алонсо и Цунода.