Фудбал
Вест Хем ги искористи очајните грешки на Динамо, Брага падна на „Маракана“
Англискиот Вест Хем го победи Динамо со 2:0 во првото коло од Европската лига.
Чеканите максимално ги искористија грешките на Динамо, ги казнија и остварија сигурна победа.
Гостите поведоа во 22. минута. Голема грешка направи Кевин Теофил-Кетрин кој се обиде да му ја врати топката на голманот Ливаковиќ, но најбрз од сите беше Михал Антонио и погоди за 1:0.
Со овој резултат заминаа на одмор, а на самото отворање на второто полувреме Вест Хем го постигна вториот гол.
Одличниот Деклан Рајс помина низ одбраната на Динамо, а потоа го совлада Ливаковиќ за предност од 2:0.
До крајот на натпреварот Вест Хем сигурно ја задржа предноста и дојде до сигурна победа.
Црвена Звезда ја совлада Брага со 2:1 на Маракана.
Во многу цврста и добра игра, ги видовме головите во последните 15 минути.
Звезда поведе во 75. минута со голот на Родиќ за 1:0, но гостите погодија за 1:1 минута подоцна.
85' GOOOOOOOOOOL! ALEKSANDAR KATAI!
(2:1)
?⚪️ #fkcz #czvbra #uel pic.twitter.com/ahi77T0dkl
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) September 16, 2021
Сепак, белградскиот клуб дојде до победата во 85. минута. Беше досуден пенал, кој Катаи го претвори во гол за конечни 2:1.