Connect with us

Фудбал

Вест на денот – Винисиус сака да го напушти Реал Мадрид?!

Невидена врева се крена околу Винисиус Јуниор и неговото исфрлање од „Местаља“.

Винисиус оваа сезона премногу често беше во центарот на вниманието, често беше на удар на расистите, а од друга страна, често ги провоцира навивачите и противничките играчи и редовно беше на насловните страници.

И покрај тоа, синоќешните сцени со „Местаља“ и мајмунски плач како расистичка навреда кренаа прашина во Шпанија до таа мера што Винисиус сака да даде интервју во кое ќе се заканува дека ќе го напушти Мадрид!

Иако е среќен во клубот, Винисиус со месеци трпи расистички навреди по сите основи, поради што се огласи на Инстаграм, а денеска со соопштение излезе и Реал Мадрид, кој исто така го поддржа и ја повика Ла Лига да реагира.

“Шампионатот што некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси сега им припаѓа на расисти. Не е прв пат, ниту втор пат, ниту трет пат. Расизмот е нормален во Ла Лига. Ова натпреварување мисли дека е нормално, па така и Фудбалскиот сојуз и противниците што ги охрабруваат. Прекрасна нација, која ме пречека и која ја сакам, но која се согласи на светот да му испрати слика на расистичка земја. Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат, но денес, во Бразил, Шпанија е позната како расистичка земја. И за жал, за се што се случува секоја недела, немам одбрана. Но, јас сум силен и против расистите ќе одам до крај. Дури и далеку од тука“, изјави Винисиус по натпреварот.

Сепак, не завршува тука, бидејќи угледниот бразилски новинар Бруно Андраде денеска лансираше ексклузивна за намерата на Винисиус да излезе во јавноста и да ја открие својата страна на приказната и да посочи дека поради огромниот проблем со расистите размислува за заминување од Шпанија.

Винисиус доби суспензија од два натпревари поради црвен картон и конфликт со играчите на Валенсија, а клубот од Местаља наводно ги идентификувал навивачите кои го навредувале Бразилецот и се очекува жестоко да ги казни и санкционира.

Секако, заминувањето на Винисиус е нешто што Флорентино Перез нема да го дозволи, бидејќи Бразилецот е најдобриот играч на Реал, а особено не сака да отстапи од расистите како претседател на Реал. Првиот човек на Реал Мадрид планира да го нападне Хавиер Тебас со кого долго време војува како со Жоан Лапорта и не е исклучено поради Винисиус овие односи да ескалираат во целосен раскол.