Кошарка
Вестбрук со трипл-дабл ја прекина мини серијата на Клиперс
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни два натпревари кои минаа во знакот на Дејмонд Грин од Голден Стејт и на Расел Вестбрук од Оклахома Сити.
Двајцата играчи во победите на своите екипи имаа „трипл-дабл“ учинок.
Во дербито на „Запад“ шампионот Голден Стејт како гостин го совлада Хјустон со 124:114, а Грин имаше 17 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Најефикасен на дуелот беше Ерик Гордон од Хјустон со 30 поени.
Оклахома Сити предводена од Вестбрук дојде до победа од 127:117 на гостувањето кај ЛА Клиперс, а Вестбрук имаше 29 поени, 12 скокови и 11 асистенции.