Фудбал
Видал тврди дека не сакал да го бакнува грбот на Јувентус, туку да направи нешто друго
Артуро Видал беше една од подобрите поединци во победата на Интер над Јувентус од 2:0. Чилеанецот го постигна водечкиот гол за „нероазурите“.
Видал направи мал скандал пред натпреварот. Камерите го снимија како го бакнува грбот на Јувентус додека се поздравуваше со Џорџо Киелини.
По натпреварот, искусниот играч за врска се правдаше дека не сакал воопшто да го бакнува грбот на Старата дама, туку неговиот „брат“ Киелини.
„Мојата намера не беше да го бакнам грбот на другиот тим. Бакнежот беше показател за чувствата кон мојот брат кој ми подари фудбал, со кого поминав незаборавни години и си посакуваме добро“, објасни Чилеанецот.
„Го почитувам мојот тим, нашите навивачи и луѓето кои веруваат во мене, ја пишувам историјата на овој прекрасен клуб. Ќе ја дадам душата за тоа. Форца Интер“, рече тој.
Видал го носеше дресот на Јувентус од 2011 до 2015 година. Тој освои голем број трофеи во тој период, од кои најзначајни беа четирите Скудета.