Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Адеми покажа уште еднаш колку е голем играч и дека со срце игра за Македонија

Аријан Адеми уште еднаш покажа колку со срце игра за Македонија. Како што беше во плеј офот во Лигата на нации против Грузија кога стисна заби и играше со повреда, слично беше и на синоќешното гостување во Романија. Имено, капитенот на Динамо Загреб заработи мала повреда на мечот со Тотенхем во Лига Европа, кој неговиот тим го доби со 3:0, па со вкупни 3:2 го елиминираше големиот англиски тим. За мечот со Романија се најавуваше дека тој нема да игра, впрочем затоа не го почна мечот од првата минута, бидејќи има проблеми со повредата. Но, на крајот селекторот Ангеловски го внесе во игра, се разбира по консултацијата со него, а тој се одолжи на најдобар можен начин со гол со глава во 83-та минута за 2:1. Со ова Адеми покажа уште еднаш колку е голем борец и колку со срце настапува за Македонија. За потсетување мечот заврши со 3:2 по драмата во последните десетина минути.