Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Александар Коларов пристигна во Милано, лекарски прегледи, па потпис

Дефанзивецот на Рома, искусниот Александар Коларов пристигна во Милано. Прво ќе следуваат лекарските прегледи, а потоа потпис со Интер. Според информациите тој ќе потпише двегодишен договор, а Рома од неговиот трансфер ќе добие околу 2 милиони евра обештетување.

Коларов кој има 34 години е алтернатива за левата бековска позиција и доаѓа на инсистирање на тренерот на Интер, Антонио Конте.