Фудбал
ВИДЕО: Алиоски со асистенција во 91-та минута за шокантна победа на Лидс против лидерот Манчестер Сити
Три екипи сезонава можат да се пофалат дека успеале да го победат Манчестер Сити на нивен терен. Тоа се Лестер, Манчестер Јунајтед и сега Лидс на нашиот Џани Алиоски. Попладнево славеа со 2:1 против лидерот на табелата и веројатно новиот шампион.
Во 41-та минута Далас прв ги шокираше домаќините кога го отвори резултатот. Во самиот финиш на првиот дел Купер заработи директен црвен картон по остриот старт врз Габриел Жезус, па во вториот дел Алиоски и соиграчите имаа играч помалку.
Тоа го искористи Феран Торес со гол во 71-та минута кога погоди за 1:1. Сити цело време напаѓаше, статистиката беше убедливо на нивна страна, но на крајот, како што се вели и топката дома можат да ја однесат, но попусто кога останаа без бодови. Со својот втор гол на мечот, а на асистенција на нашиот Алиоски кој испрати фантастична топка во празно при една контра, Далас му донесе голема победа на Лидс од 2:1 во првата минута од судиското надополнување.
Сити секако останува лидер на табелата 74 бодови, дури 14 повеќе од второпласираниот Јунајтед, додека Лидс со 45 бодови е на деветото место.