Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Аталанта ја наполни мрежата – Валенсија ќе мора да прави чудо на „Местаља“

Во првиот осминафинален меч Атланта успеа да му даде четири гола на Валенсија (4-1) и стекна огромна предност пред реваншот на „Местаља“.

Аталанта тргна фуриозно уште во првото полувреме, па поведе преку Хатебор во 16. минута, додека Иличиќ зголеми на 2-0 во 42. минута.

Италијанската екипа играше одлично и во второто полувреме, па преку Фројлер зголеми на 3-0, а Хатебор со својот втор гол погоди за 4-0, по што Черишев успеа да постигне почесен погодок за гостите и да ги постави конечните 1-4.