Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ау, па што одбрани голманот на Динамо Загреб во 115-та минута, Кејн и Мурињо во очај!

Динамо Загреб е во четвртфиналето на ЛЕ. Го елиминираше Тотенхем откако славеше со 3:0 на реваншот, а на првиот меч загуби со 2:0. Иако херој на вечерта е Оршиќ, кој постигна три гола, сепак Динамо има уште еден херој. Одлична вечер на голот имаше Ливаковиќ кој бранеше невозможни ситуации. Една таква беше во 115-та минута кога го фрли во очај напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн откако му го одбрани ударот од непосредна близина. Доколку Кејн постигнеше гол, тогаш Тотенхем ќе патуваше во четвртфиналето.