Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Австралијците ја декласираа Чешка во пријателски натпревар

Фудбалската репрезентација на Австралија, денеска во пријателски натпревар ја победи селекцијата на Чешка со 4:0.

Австралијците денеска покажаа дека нема да бидат „лесен залак“ на Светското првенство и целосно ги „прегазија“ Чесите на натпреварот кој се одигра во Австрија.

Во 32. минута од натпреварот Метју Леки постигна гол за водство од 1:0.

Овој резултат беше и на полувремето, а по само девет минути од почетокот на второто полувреме, Австралијците дојдоа до следниот гол. Големата грешка на одбраната ја казни  Набоут за 2:0.

Метју Леки во 72. Минута го постигна својот втор гол и го зголеми резултатот на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Југас во 80. минута.

Австралија со оваа победа испрати предупредување до Франција, Данска и Перу со кои се во истата групата.