Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Азар го имитираше Стерлинг и стана вистински хит на интернет

Навистина интересно пред неколку дена беше на тренингот на Челзи, а во центарот на вниманието беше Еден Азар.

Белгиецот првите два натпревари во Премиер лигата ги започнуваше од клупата затоа што Маурицио Сари сака да уште малку да го одмори после напорната сезона и настапите на светското првенство. Иако се шпекулираше дека Азар ќе премине во редовите на Реал Мадрид, сепак по се изгледа дека од оа нема да биде ништо и Белгиецот ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

Дека е навистина среќен во Челзи најдобро покажува снимката од еден тренинг на „Плавите“. Азар одлучи да се пошегува играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, па го имитираше неговото движење на теренот.

Мора да се признае дека Азар добро ги одглуми потезите на Стерлинг, ни и неговиот начин на трчање кој се разликува од останатите. Азар доби разни коментари за ова, но успеа да ја насмее фудбалската јавност.