Фудбал
ВИДЕО: Баерн го прегази Лацио, Жиру со магија му пресуди на Атлетико Мадрид
Баерн Минхен полесно од очекувањата славеше со 4:1 на гостувањето кај Лацио во првиот меч од осминафиналето од ЛШ. По само девет минути игра погоди Левандовски, во 24-тата Мусала зголеми на 2:0 и веќе беше јасно кој ќе биде победникот. Во финишот на првиот дел Сане зголеми на 3:0, а по само две минути игра во вториот дел Ачерби постигна автогол со што не му остави простор на Лацио за ништо друго освен во 49-та минута преку Кореа да постигне почесен погодок.
Атлетико Мадрид на домашен терен загуби од Челзи со 0:1. Единствениот гол беше дело на Жиру во 71-та минута, во натпревар во кој двете екипи имаа уште по неколку шанси. Но, голот за победа Французинот го постигна на прекрасен начин со ножички нешто што не се гледа секој ден на фудбалските терени.
Реваншите се играат на 17-ти март.