Фудбал
ВИДЕО: Барди и Леванте ги шокираа „кралевите“
Реал Мадрид го доживеа можеби најголниот пораз оваа сезона во Примера. Леванте и Енис Барди остварија голема победа (1-0) над Реал Мадрид и ги симнаа „кралевите“ од првото место на табелата во Ла Лига.
„Кралевите“ доминираа од самиот старт на натпреварот, па во првото полувреме имаа 11 удари кон противничкиот гол, но не успеаа да ја затресат нивната мрежа.
Барди ги одигра сите 90 минути и со сигурност може да се каже дека беше еден од најдобрите поединци во домашниот табор. „Десетката“ на Леванте одигра без грешка во двата правци, а покрај големата шанса на стартот од вториот дел имаше уште неколку одлични потези и проигрувања до соиграчите.