Фудбал
ВИДЕО: Браво Несторовски, со неговиот гол ја „сруши“ Фиорентина
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по подолго време почна натпревар од првата минута во дресот на Удинезе. Тоа секако се покажа како добра одлука на тренерот, бидејќи Несторовски го постигна единствениот гол на средбата со кој неговиот тим дојде до важни три бода и победа против Фиорентина.
Несторовски голот го постигна во 86-та минута, а Удинезе сега е на 12-та позиција, со 28 бодови, 10 повеќе од првиот тим во опасната зона која води во пониска лига.