Фудбал
ВИДЕО: Браво за акцијата на „Комити“, собраа над 3,3 милиони денари за спас на Вардар, парите завршија кај фудбалерите
Навивачката група „Комити“ со нивната акција „купи билет за спас на Вардар“ собраа 3.338.100 денари. За оваа цел продале 33.381 билет за мечот против Пелистер.
Комити имаа прес-конференција и кажаа дека бил платен данок од 500.000 денари и провизија на „МК Тикетс“, додека остатокот од парите, односно 2,6 милиони денари завршил кај фудбалерите.
Како што се знае по повлекувањето на Самсоненко, Вардар остана во големи долгови кои достигнуваат до 4 милиони евра. Никој не се нафати, па дури ни Град Скопје да го преземе најтрофејниот клуб.