Фудбал
ВИДЕО: Чекаше три години за да признае дека го оштетил Интер во дербито со Јувентус
Човекот кој минатата сезона е прогласен за најдобар судија во светот, Даниеле Орсато одговараше на голем број прашања, а меѓу нив беше и за мечот Интер –Јувентус одигран пред три години.
Во тој меч Орсато не покажа втор жолт картон на Миралем Пјаниќ, кој имаше жесток старт над Рафиња. Јувентус на крајот славеше со пресврт со 3:2, па му се отвори патот кон титулата.
Три години подоцна, Орсато ја признава грешката.
-Нема никаква потреба да се гледа снимката по три години. Тоа дефинитивно беше грешка. Интензитетот на контактот за мене на теренот не беше таков како што беше прикажано на ТВ. ВАР не можеше да интервенира, изјави Орсато.