Фудбал
ВИДЕО: Дали Зидан се кае што го продаде Хакими на Интер? Импресивен учинок на Мароканецот
Ашраф Хакими на првите два меча во дресот на Интер се покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Антонио Конте. Иако влезе од клупата за резервни фудбалери во првото коло против Фиорентина, тој беше дел од играчите кои го креаираа пресвртот и победата на Интер од 4:3, а забележа и една директна асистенција за гол, оној на Лукаку.
На вториот меч постигна гол и забележа асистенција. Повторно му асистираше на Лукаку на мечот со Беневенто, на кој неговиот тим славеше со 5:2. На истиот меч имаше одличен центаршут, по кој Јанг одигра повратна до Гаљардини, а последниот постигна гол. Што значи дека Хакими беше директен учесник и за овој гол.
Статистиката му е фантастична на првите два меча и доколку продолжи вака сигурно дека ќе биде еден од најдобрите на својата позиција во Серие А. Со оглед на тоа дека Зинедин Зидан многу лесно се откажа од него, па не му даде шанса откако се врати од позајмица од Борусија Дортмунд, веројатно кога ја гледа неговата статистика се кае што го продадоа.