Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Де Брујне претера, Јанузај му одговори

Аднан Јанузај неодамна, на еден тренинг со белгиската репрезентација за малку ќе настрадаше по крвничкиот старт на Кевин Де Брујне. Стартот на Де Брујне не изгледаше ниту малку пријато ниту пријателски. Тоа се повеќе изгледаше како ѕвездата на Манчестер Сити да сака да го повреди поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

Белгиските аналитичари веднаш го обвинија Де Брујне дека на навистина грд начина го спроведува авторитетот во репрезентацијата и дека селекторот Роберто Мартинез мораше да покаже кој е тука шеф. Но тоа не се случи, па Де Брујне помина неказнето.

„Па добро, не беше тоа толку лошо, едноставно тоа беше тренинг со повисок интензитет. Тоа покажува колку се бориме, дури и на тренинг. Не ми сметаат такви работи“, кажа Јанузај.

„Со тоа покажавме дека и тренингот ни е важен. Ова е важен дел од подготовките, тренинзите пред натпреварите се секогаш со повисок интензитет и нема да му штети на никој да даде се од себе. Не сакате никого да повредите, но едноставно тие момци се премногу фокусирани на резултатот. Вакво темпо нам ни е потребно“, рече Мартинез.