Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дерби, кое не беше дерби, Ливерпул се поигра со Арсенал

Ливерпул пред мечот беше фаворит на дуелот со Арсенал, а на крајот славеше, со убедливи 3:1. Од првата минута актуелниот првак на Англија беше подобар противник. Тоа го покажува победата, но и статистиката во ударите кон противничкиот гол, вкупно 21, осум во рамките на голот и поседот на топката, 66 отсто наспроти 34 отсто на Арсенал.

Мане, Робертсон и новото засилување Жота беа стрелци на головите, додека на спротивната страна погоди Лаказет и тоа за водство на Арсенал. Ливерпул има максимални 9 бодови од три меча, додека Арсенал во третото коло го забележа првиот пораз, откако претходно имаше две победи.