Фудбал
ВИДЕО: Џибрил Сисе постигна перфектен пенал пред десет години, а Депај го повтори синоќа
Џибрил Сисе ги помина најдобрите денови во кариерата во Ливерпул, а многумина го паметат по карактеристичните фризури и интересниот начин на живот.
Сисе и се претстави на фудбалската јавност во дресот на Оксер, а потоа потпиша за Ливерпул летото 2004 година. Тој помина три сезони во дресот на „црвените“ и стана европски шампион, но тој период беше обележан и со тешка фрактура на ногата.
После тоа, Сисе смени неколку клубови и ја заврши кариерата пред два месеци кога го раскина договорот со американскиот нисколигаш Чикаго.
Многумина се сеќаваат и на неговите игри во дресот на грчкиот Панатинаикос во кои играше две сезони. Пеналот на натпреварот од грчкото првенство беше особено импресивен кога ја заби топката во мрежата.
За тој пенал на Сисе што се случи пред десет години, многумина велат дека тоа е најсовршеното што се случило во историјата на фудбалот и дека овој удар е невозможен за голманот да го одбрани.
Djibril Cisse is 38 today. You remember him.
Much-travelled striker. Lord of the Manor of Frodsham. And taker of one of the best penalties since records began.
Pick that bastard out.pic.twitter.com/xo8rT0GlEi
— A Funny Old Game (@sid_lambert) August 12, 2019
Речиси идентичен пенал видовме синоќа на натпреварот помеѓу Барселона и Валенсија, а Мемфис Депај беше во центарот на вниманието.
Холанѓанецот погоди за 2:1 и неодоливо потсети на пеналот на Сисе. Депај ја заби топката во мрежата на Силесен, која едвај се помести.