Тајмаут
(ВИДЕО) Дилета се јави од станот во Милано: „Сама сум, лежам на каучот…“
Како и многу жители на италијанските градови, Дилета Леота нема мир и живее со доза страв од епидемијата на коронавирус.
Улиците на градовите во повеќето делови на Италија се празни. Луѓето се изолираа од страв од ширење на вирусот, а меѓу оние што ги слушаа совети на надлежните структури е и Дилета Леота, познатата спортска водителка.
Таа е сама во Милано, град кој е меѓу најзагрозените градови во овој дел на Европа, а времето го поминува под ќебе на каучот.
„Останете дома. Еве, јас лежам под ќебе сама на каучот…“, рече згодната новинарка, кој ќе биде во изолација некое време и без никакви деловни обврски, бидејќи италијанскиот фудбал е прекинат до 3 април.
Нејзиниот апел до сите луѓе е да не излегуваат надвор ако не им треба и да не се изложуваат на потенцијална зараза.