Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Добри вести за Барса, но Баерн ќе се „тресе“, Меси не е сериозно повреден

Лионел Меси на синоќешниот меч против Наполи (3:1) доби силен удар во ногата од крајно невнимателниот Кулибали, по што Барселона доби пенал. Можеше да биде многу опасно по Аргентинецот оваа ситуација, но сепак тој го заврши мечот.

Дополнителните лекарски прегледи покажале дека е само посилен удар и дека не е ништо сериозно, па Меси ќе биде подготвен за четвртфиналната пресметка со Баерн Минхен која ќе се игра на 14-ти овој месец.