Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Донарума заплака по навредите од навивачите

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума не го издржа притисокот од навивачите и по завршувањето на куп натпреварот со Верона (3:0), заплака во соблекувалната.

Сагата на Донарума во Милан трае веќе подолго време и се чинеше дека заврши пред почетокот на сезоната кога тој потпиша договор со клубот за годишна плата од шест милиони евра што го прави еден од најплатените играчи во Серија А.

Сепак, деновиве повторно се отвори прашањето за негов трансфер, а неговиот агент го тужи Милан поради наводен притисок врз фудбалерот да го потпише договорот со огромна откупна клаузула (40 или 70 милиони евра во зависност од изборен пласман во ЛШ).

Тоа повторно го предизвика гневот на навивачите кои извадија транспаренти со натпис:

„На навредуваш со твоето однесување. Шест милиони евра и договор за брат паразит? Оди си, немаме повеќе трпение“, стоеше во пораката до Донарума.

18-годишниот голман доби поддршка од своите соиграчи, а зад него застана и тренерот Џенаро Гатузо.

– Секогаш ќе ја има мојата заштита. Тој е се уште дете и многу тешко му паѓа целата ситуација, рече Гатузо.