Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Душан Тадиќ синоќа против Дортмунд го постигна најболниот гол во кариерата

Фудбалерите на Ајакс продолжија со одличните игри во Лигата на шампионите бидејќи синоќа ја победија Борусија Дортмунд со 3:1.

Дортмунд поведе со голот на Ројс во 37. минута, но Ајакс успеа да постигне дури три гола во финишот од натпреварот и дојде до пресврт.

Гостите се вратија во натпреварот во 72. минута, а во центарот на вниманието беше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ кој постигна гол за 1:1.

Но, при постигнување на гол, Тадиќ ја се удри во стативата, а тоа делуваше навистина болно, а по мечот изјави дека можеби тоа бил најболниот гол во неговата досегашна кариера.

До крајот на натпреварот Ајакс постигна уште два гола, а стрелци за овој тим беа Халер и Класен.