Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Две девојчиња на покрив од зграда играле тенис, а потоа се појавил неочекуван гостин

Во текот на пандемијата со коронавирусот, две девојчиња играле тенис на покривот на зградата бидејќи немале можност да тренираат во нормални услови како претходно. Нивното видео стана сензација на социјалните мрежи, а потоа добиле изненадување, кое ќе го паметат до крајот на животот.

Имено, на врвот на зградата се појавил Федерер и девојчињата биле во шок кога го виделе еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Одличното видео на крајот завршило на Твитер.