Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Две години подоцна уште се зборува за дербито Интер – Јувентус и спорните моменти

Поминаа повеќе од две години, поточно две и пол од дербито на Италија помеѓу Интер и Јувентус, но повторно се спомнува таа фамозна сцена која веројатно влијаеше на целиот тек на мечот. Гостин во емисија Ла Лене на каналот Италија 1 беше Џузепе Пецорано, поранешен федерален обвинител, кој повторно зборуваше за судењето на Даниеле Орсато на мечот кој Јувентус го доби со 2:3.

-текстот продолжува по рекламата-

Пецораро и порано тврдеше дека исчезнала аудио снимката од ВАР собата во која се зборувало дека Даниел Орсато требал да му покаже црвен картон на Миралем Пјаниќ,

-Лигата велеше дека го немаа тој запис и дека немало снимка. Очекував соработка од советот на судиите, особено кога нема ништо да се крие, изјави Пецораро.

-текстот продолжува по рекламите-

-Доколку Орсато го делегираат да суди финале во ЛШ по една таква грешка, треба да се запрашаат како некој таков со таква грешка која влијаеше на првенството е награден на тој начин, за што зборуваме ние тука, изјави обвинителот.

Во меѓувреме пристигна и одговор од Никола Рицоли задолжен за делегирање на судии во Италија.

-Ситуацијата за која се зборува беше за ВАР. Пецораро ги доби снимките од камерите кои ги добија сите. Станува збор за нормални снимки, ништо не исчезнало, нема што да се крие, изјави Рицоли.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама