Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ечеше „Јутро је“ на „Сан Сиро“, фудбалерите на Јунајтед се чудеа за што станува збор

Како што стојат работите пред мечевите на Милан веројатно се почесто ќе се слуша Нада Топџагиќ и песната „Јутро је“. Целата приказна ја започна Златан Ибрахимовиќ кој објави видео на социјалните мрежи пред извесно време како игра на оваа песна. Потоа на неговото гостување на фестивалот Санремо истата песна беше пуштена кога излегуваше на сцената, а синоќа ечеше на „Сан Сиро“ пред мечот со Манчестер Јунајтед. Секако ова беше во чест на Ибра, а играчите на јунајтед како да беа во бунило малку на загревањето. Ибра во игра влезе во вториот дел бидејќи се опораува од повредата, но сепак не успеа да го спаси тимот од пораз, бидејќи со голот на Погба Јунајтед славеше и се пласираше во четвртфиналето.