Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Еднаесет гола на мечот Удинезе – Перуџа во италијанскиот Куп

Љубителите на фудбалот во Удине, синоќа имаа можност да уживаат во ефикасен меч во кој фудбалерите на Удинезе и Перуџа постигнаа дури 11 гола.

Дуелот од шеснаесетинафиналето во Купот на Италија, во кој домашниот тим на Удинезе забележа победа над Перуџа, која игра во Серија Б, заврши со резултат 8-3.

Дури половина од осумте гола за Удинезе ги постигна ветеранот Макси Лопез. Сепак не одеше се така лесно за домаќините, бидејќи по водството од 4-1, Перуџа со два гола до 61-та минута успеа да ја врати неизвесноста.

Но, до крајот домашните фудбалери постигнаа уште четири гола, па конечниот резултат гласеше 8-3 за Удинезе.

Пласман во осминафиналето обезбеди и екипата на Џенова, која со 1-0 го совлада Кротоне. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев не беше во составот на победничката екипа. Џенова за место во четвртфиналето ќе се бори против Јувентус.